04.05.2023

Власта го деградира правосудството, судиите и обвинителите ги користи како политичка алатка, за Републичкиот судски совет да се расправа во Собранието

Власта го деградира правосудството, судиите и обвинителите ги користи како политичка алатка, за Републичкиот судски совет да се расправа во Собранието.

Судиите и обвинителите се присилени да работат по диктат на власта. Еминетни експерти и домашни и меѓународни извештаи констатираат дека довербата во судството е на ниво на статистича грешка, а партизацијата е видлива од авион.

Ниту еден случај отворен против функционери на оваа власт не е завршен, ниту имаме правосилно осудени лица.

За народот казните се драконски, а за функционерите од власта или до нив поврзани лица воопшто не доаѓа до завршница на случаите.

Метастазата на партизација на правосудните институции е еманентна. Една од институциите која е под силен притисок на власта е и Републичкиот судски совет, каде гледавме како се поставуваат и менуваат партиски послушници, по принципот постави – смени по потреба.

Власта со циркузот во кој ги претвора институциите како Републичкиот судски совет допринесе за недовербата на граѓаните во правосудството, затоа потребно е за состојбите во оваа институција да се расправа во собранието.

Власта да не бега од соочување, и да запре со притисоците и злоупотребите на институциите.