Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе 2100 амандмани со цел да ја спречи власта во зголемување на платите на судиите, јавните обвинители, членовите на Судскиот совет и Советот на Јавни обвинители.Во услови кога довербата на граѓаните во правосудството е само 3%, власта зголемува плати, наместо да се зафати со реформи и тргање на рацете од судската власт.Владата не треба да ги зголемува платите на судиите и обвинителите, туку првин да ги ослободи од притисокот и да овозможи владеење на правото, а не владеење на непотизмот, криминалот и клиентелизмот.Ковачевски наместо да оди со квази мерки, првин треба да запре со полнење на правосудството со роднини на врвот на власта.6 години како е СДС на власт состојбата во правосудството е се полоша од година во година.Потребни се реформски чекори за силни институции, за кои нема способност во СДС. Затоа додека е СДС правосудството ќе тоне.