23.12.2023

Владата не води грижа за здравствениот кадар, ама води грижа само за вработување на децата на директорите на клиниките

Министерот за лажни вести, Фатмир Меџити познат по лажните вести и најчесто употребуваната ќе фраза, иако се жали од Министерство за финансии како причина за негрижа на кадарот, сепак ни збор не кажа за многу работи.

Во моментов се случуваат масовни вработувања и меѓу здравствените работници коментарите се дека има јасни изразени појави на непотизам. Сепак стигаат и информации дека здравствени кадри кои се на договор на дело и до 15 години остануваат и понатаму невработени.

Кога станува збор за деца на актуелни директори на клиниките од СДС, ДУИ и Алијанса за Албанците лесно и брзо се завршуваат комплексните процедури за вработување за разлика од сите останати здравствени работници.

Преземања и вработувања на деца на директори во јавните здравствени институции во моментов има кај:

Прво, директорот на Урологија кој го презема синот доктор да работи на истата клиника кај тој раководи.

Второ, ќерката на директорот на Офталмологија пак е вработена во ГОБ „8 Септември“, а според информациите помеѓу здравствените работници, крајната цел е со преземање да се вработи на Клиниката за офталмологија.

Изразените непотистички елементи на овие процедури за вработување или преземање, како и вработувања кои се надвор од  балансерот и најчесто 50% наспроти 50%, а некаде кадрите на СДС се согласни да биде балансерот и 75% наспроти 50% во корист на вработувањата на ДУИ и Алијанса за Албанците.

Повикуваме Државната комисија за спречување на корупција овие наводи да ги провери и соодветно да реагира и постапи со оглед дека станува збор за изразени непотистички елементи.

Јасен е фактот дека системската негрижа на кадарот и необезбедување на здравствен кадар согласно потребите од страна на четвртиот министер за здравство  е на штета на целиот здравствен систем на долг рок, посебно ако се земе во предвид дека за готов специлалист потребни се неколку години.