30.01.2023

Владата на СДС да не ги крие агентурните мрежи и финансирањето на бугарските здруженија

Владата на СДС да не ги крие агентурните мрежи и финансирањето на бугарските здруженија.

Стево Пендаровски кажа дека агентурни мрежи ги загрозувале односите со Бугарија и шират антимакедонска пропаганда во Македонија. Пендаровски да не молчи и да ги каже кои се.

Истовремено власта преку финансиските институции да ги обелодени изворите на финансирање на здруженијата, како и на потеклото на парите.

СДС да не молчи на секоја провокација, и да не ја ведне кичмата на народот.

Бугарските барања и понижувања за Македонија немаат крај, затоа што власта нема отстапка преку која нема да помине.