12.03.2023

Владата на Ковачевски и Груби веднаш да го поништи тендерот за надзор за изградба на патиштата и да распише нова транспарентна постапка

И покрај скандалите со компанијата Ептиса, за која се менуваше тендерската постапка, се пролонгираше рокот од страна на владата за тендерот за надзор на изградбата на автопатите на коридор 8 и коридор 10Д, уште една фирма во конзорциумот е со сомнител беграунд.
Евро Консалтинг, која е дел од конзорциумот ИРД- Ептиса- Електра солушн, е во сопственост на Бранимир Димитријевиќ од самото основање до денес.
Истиот Димитријевиќ е обвинет во Ерменија за криминал при надзор на развој и спроведување на проектот коридор Север-југ во Ерменија. Тој извршил измама во вредност од 1.8 милиони долари.
Токму Евро Консалтинг заедно со другите 3 фирми го добиваат тендерот за надзор за изградба на автопатиштата од Коридор 8 и 10Д, иста работа за која Димитрјевиќ е гонет за измама во друга држава.Бранимир Димитријевиќ со помош на 3ца македонски димпломати побегнува од Ерменија со приватен авион, во 2019 година во време кога на власт се СДС и ДУИ.
Сега Артан Груби и Димитар Ковачевски ова лице за кое има и распишано меѓународна потерница од Ерменија го наградуваат со тендер од 22 милиони евра.
Целиот процес со надзорот на овој проект е компромитиран и е ставен во ризик и за тоа владата на Ковачевски и Груби треба веднаш да го поништи тендерот за избор на надзор на проектот за изградба на автопатиштата од коридор 8 и 10Д и да распише нова транспарентна тендерска постапка.
Јавното обвинителство треба веднаш да отвори постапка за изборот на двете фирми во конзорциумот за надзор, Ептиса и Евро консалтинг бидејќи е загрозен проектот и репутацијата и на државата и на реномираните компании кој ќе го градат овој проект Бектел и Енка.