Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прошири позитивната листа на бесплатни лекови, и ќе ја подобри достапноста на здравствените услуги за сите.
Со проектот на регионализација, што ќе значи добро кадровски и инфраструктурно опремени регионални болници ќе ги подобриме здравствените услуги низ целата држава.
Како врвен приоритет е изградба на Клиничките центри во Скопје и Штип, од кои вториот ќе биде регионален центар за тој дел од државата.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе иницира јакнење на капацитетите на итната медицинска помош. Граѓаните на секаде ќе добијат квалитетни услуги.
Заврши времето кога пациентите беа понижувани, а здравствениот кадар омаловажуван. ВМРО-ДПМНЕ ќе се насочи на ефективен и ефикасен здравствен систем. Здравството кое СДС и ДУИ го уништија ќе го обновиме.