11.02.2024

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги намали даноците и ќе овозможи младите програмери својата заработка да ја вадат преку ПајПал сервисот во Македонија

Владата на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува пред граѓаните да спроведе и реализира низа на економски мерки и политики кои ќе значат подобар и поквалитетен живот за сите граѓани и домашни компании.

За таа цел, владата на ВМРО-ДПМНЕ преку развојна стратегија ќе овозможи функционирање на ПајПал сервисот тука во Македонија, со што ќе им се овозможи на младите фриленсери и програмери кои работат за странство да ги добиваат своите пари легално тука во Македонија и за нив да платат данок.

Повеќе нема граѓаните да чекаат со недели и месеци за услуги од УЈП, па така владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поедностави постапките со тоа што ќе ги тргне бирократските бариери и ќе спроведе дигитализација на услугите.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги намали даноците, односно данок на добивка од 5% за фирмите со добивка од над 50 милиони. Со што преку ова мерка ќе ги стимулира голем број на мултинационални компании од светот своите профитни центри да ги префрлаат овде и тука да го платат својот данок. А од ова бенефит се разбира ќе имаат и домашните компании кои ќе инвестираат во себе и ќе постигнат добивки над 50 милиони евра.

Фирмите со добивка од 20 до 30 милиони данокот ќе биде 8%, а за фирмите со добивка од 30 до 50 милиони истиот ќе биде 6%.

Ќе го поддржиме домашното стопанство, а така ќе се стимулираат компаниите да отвораат нови работни места.

Преку добри економски политики ќе се задржат младите во државата и ќе се стимулираат својата иднина да ја градат овде.

Носечки проект на новата владата на ВМРО-ДПМНЕ е и реалокација на 1 милијарда евра за еден четиригодишен мандат или 250 милиони евра за една година од државниот буџет кон општините за инфраструктурни проекти.

Македонија мора економски да расте и да се развива. Владата на ВМРО-ДПМНЕ знае тоа како да го направи.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде влада за сите граѓани подеднакво.

За ВМРО-ДПМНЕ важно е да се создаде продуктивноста.

За ВМРО-ДПМНЕ важно е платите реално да растат.

За ВМРО-ДПМНЕ важно е да има раст на економијата.