28.11.2023

Владата на ВМРО-ДПМНЕ во еден 4 годишен мандат ќе одвои 1 милијарда евра или 250 милиони евра годишно за проекти во општините

Владата на ВМРО-ДПМНЕ во еден 4 годишен мандат ќе одвои 1 милијарда евра или 250 милиони евра годишно за проекти во општините.
Со 250 милиони евра за општините ширум државата ќе се реализираат голем број инфраструктурни капитални проекти кои општините сами не можат да ги реализираат. Парите ќе се распределуваат по глава на жител, и секоја општина ќе добие средства како што и следуваат, без разлика градоначалникот од која партија доаѓа.
ВМРО-ДПМНЕ со овој проект ќе стави акцент на локалниот економски развој и на рамномерниот развој. 
На крајот на 4 годишниот мандат најголемите проблеми на граѓаните од локална природа ќе бидат решени. Македонија ќе биде подобро место за живеење.