28.06.2023

Владата контролирана од Али, му дала концесија за мала хидроцентрала на Дрин Ахмети во 2019, кланот Ахмети стануваат мултимилионери

Владата контролирана од Али, му дала концесија за мала хидроцентрала на Дрин Ахмети во 2019, кланот Ахмети стануваат мултимилионери.Дрин Ахмети кога ја добил концесијата за мала хидроцентрала имал само 21 година, и како таков инвестирал 1.2 милиони евра, сега не негови, зошто како што кажа самиот тој само има добри идеи, па како во случајот со Соравиа, плаќаат или банките или други бизнисмени.И додека народот едвај плаќа сметки за струја, за внукот на Али, Дрин Ахмети плаќаат за да му дадат 39% од бизнис од 30 милиони.Каменолом за варовник, мала хидроцентрала, 39% од деловниот центар Соравиа, ова се дел од мултимилионските бизниси на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, ова се бизниси стекнати во време кога Али Ахмети е политичка фигура без која владата на СДС не би опстанала ниту ден.Али Ахмети е значаен чинител во власта, додека неговиот внук влегува во мултимилионски бизниси. Институциите наместо да си ја префрлаат топката да реагираат.