Владата им наштети на младите македонски интелектуалци, укинати се стипендиите за студирање на најдобрите светски универзитети
Министерството за образование и наука предводено од кадар на ДУИ одлучи да ги укине стипендиите за македонските граѓани кои ќе успеат да се запишат на додипломски, магистерски или докторски студии на некој од најдобрите 100 светски универзитети според Шангајската листа.
Мерка која беше воведена од ВМРО-ДПМНЕ уште пред повеќе од 10 години и која беше одлична можност за стекнување знаења и искуства од најдобрите професори во светот и нивно пренесување во сопствената земја.Отсега таа можност, за жал, новите генерации нема да ја имаат, а причината за нејзино укинување, не е објаснета.
Дали тоа е поради колапсот на државниот буџет како резултат на неговото лошо менаџирање?
Дали е желба на Ковачевски и дружината кои и онака го урнисуваат образовниот систем во сите негови сегменти водејќи се по логиката колку понеедуциран народ, толку полесно се владее со државата?
Што со оние студенти кои токму поради објавените конкурси за доделување на овие стипендии на почетокот на годината, аплицирале на некој од најдобрите универзитети во светот каде и се примени и за тоа очекувале поддршка од државата?
Дали сте свесни како тие се чувствуваат и како им е на нивните родители?Има пари за нови автомобили за функционерите, за ресторани, бифтеци, за златни лажици и виљушки и што ли уште не, а нема пари за поддршка на младината која успева да се пробие во светот на академското знаење и науката.
Одамна вашите чувства кон народот и кон обичниот граѓанин се изгубени.
Затоа и водите политика која ги полни само вашите џебови, ги остварува вашите желби и потреби, а не го јакне стандардот на граѓаните.Но, затоа и рејтингот ви е нула и затоа брзо ќе бидете сменети.Нова народна Влада ќе го врати тоа што вие им го одземавте на граѓаните, а најпрво достоинството!