31.08.2022

Владата да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за формирање на анкетна комисија за енергетика да видиме кој е планот за излез од кризата

Со антимакедонската СДС и Димитар Ковачевски енергетската криза во Македонија се продлабочува.

Ковачевски овозможува дебели профити за одредени поедини трговци за струја во ек на енергетска криза.

Власта преку ЕЛЕМ наместо да го понуди вишокот на струја на стопанството, продава на фирми кои потоа ја препродаваат струјата по берзанска цена.

Во период од 13.08 до 19.08 владата продава 1.750 MWh на фирмата ДАНСКЕ КОМОДИТИС ДООЕЛ за која постои сомнеж дека во менаџерската структура го има Виктор Делов.

Оттука логично се поставува прашањето дали лицето Виктор Делов е поранешниот директор на агенцијата за странски директни инвестиции во период од 2004-2006 година кога на власт била антимакедонската СДС?

Фирма на Делов ја купува струјата по цена од 277 евра за МWh, во исто време кога цената на берза достига до 467 евра по MWh. Разликата односно заработка е 260.260 евра.

За периодот од 20.08 до 26.08 исто така е продадена струја во висина од 1.750 MWh за цена од 303 евра. Во тоа време цената на берза достигнува и до 612 евра. Разликата односно заработката изнесува 353.937 евра.

Како купувач се јавува фирмата ЕТМТ ЕНЕРГИ која е во сопственост на Енер Трејд од Албанија која му припаѓа на Артур Мицкај, директор на форумот на млади на социјалистичката партија на Еди Рама и син на тамошен судија.

Овие два примери се показател како власта неодговорно се однесува со енергетскиот сектор и наместо да овозможи струјата по нормални цени за стопанството, тие овозможуваат профити од стотици илјади евра за поедини трговци.

Токму поради овие профити власта сака да прогласи криза во енергетскиот сектор за да може да дели милионски тендери на лица блиски до владата.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара формирање на анкетна комисија за разгледување на состојбите во енергетскиот сектор.

Доколку владата и парламентарното мнозинство сакаат излез од кризата веднаш да го прифати истото.

Власта и Ковачевски се извор на криминал. Но, одговорност мора и ќе има.

Единствен излез од оваа криза се предвремени парламентарни избори час поскоро.