23.03.2024

Владата во заминување повторно удри по граѓаните, Ковачевски со 2500 евра апанажа не чувствува глад, но 600.000 граѓани едвај преживуваат

Владата на СДС и ДУИ во заминување повторно удира по џебот на граѓаните.

За 1500 денари се зголеми потрошувачката кошница на граѓаните само за месец март и со тоа истата изнесува 59.000 денари.

За да се прехрани едно четиричлено семејство потребни им се најмалку три минимални плати.

Никогаш не се живееле полошо како сега со владата на СДС и ДУИ.

Димитар Ковачевски со апанажа од 2500 евра не чувствува глад, но наши 600.000 сограѓани дневно живеат со по 150 денари.

Додека СДС и ДУИ ги уживаат привилегиите и удобствата на функциите, го уништија животниот стандард на граѓаните.

Се повеќе граѓани живеат на работ на егзистенцијата.

СДС и ДУИ за 7 години донесоа само беда и сиромаштија. Затоа потребни се промени.

Важно е да ги поразиме.
Време е за промени!