31.03.2023

(ВИДЕО) СДС да не си ги мести сопствените советници, прво да гласаат планови и програми на Арсовска, а потоа да глумат скарани, тие се коалиција за тендери

СДС да не си ги мести сопствените советници, прво да гласаат планови и програми на Арсовска, а потоа да глумат скарани, тие се коалиција за тендери.

СДС – ДУИ – Левица се во коалиција од финансиски интерес со Данела Арсовска, кога делат тендери и договараат програми, можат и да се договорат да ја реновираат и Универзална сала.

Од СДС очигледно си ги местат сопствените советници на прес конференции кои треба да ги упатат кон Ковачевски.

СДС – ДУИ – Левица, покрај тоа што се централна власт, преку Арсовска чии програми вчера ги изгласаа се и власт во град Скопје. СДС и Арсовска се виновни зошто универзална сала стои како руина, наместо да биде реновирана.

Арсовска нема реализирано еден проект откако се уортачи со СДС, освен заедничко гласање на програми и договарање тендери ништо не прават.

СДС – ДУИ – Левица не можат да сокријат дека тие управуваат со Скопје заедно со Арсовска. Сите директори на јавни претпријатија се од овие партии, и тие ги раскрчмуваат парите на скопјани.

https://www.facebook.com/watch/?v=2186919978165195