27.08.2023

(ВИДЕО) Ковачки: Командир на полициска станица пука со калашников од балкон

Со дивјаштвото и односот од првите луѓе на полицијата, личиме на африканска држава.Цело време зборуваме за криминалци и неспособни началници и командири кои ги има поставено лично министерот за внатрешни – Оливер Спасовски, но ниту до него, ниту до неговиот претпоставен – премиерот Ковачевски не допираат нашите укажувања.Еве најново видео на кое е командирот на ПС Ропотово од кое јасно се гледа пукање со автоматско оружје од тераса.Автоматско оружје може да има само во АРМ и во МВР, а за цивили истото е забрането. Ова значи дека или оружјето е украдено од склад на МВР и АРМ, или командирот на Полициската станица пука со пушка која нелегално ја поседува или пак дека пука со неговата службена автоматска пушка во сред населено место каде има и други граѓани, односно демонстрира сила и предизвикува општа опасност.*Утре кога ќе дојдат да ви зборуваат дека тие биле за ЕУ, покажете им го видеото и кажете им дека во Македонија тие што треба да го спроведуваат законот, се доживуваат како тие да се законот. Такви бандити никој не сака околу себе, а камоли да преговара и да договара нешто со нив.Министерот за внатрешни знае за случајот, но молчи затоа што личниот интерес го става пред државниот. Му треба поддршката на ДУИ за претседател на држава.

https://www.facebook.com/DraganKovachki/videos/2454205784742125/