09.07.2023

Брзи парламентарни избори на есен, СДС нема друга опција

Брзи парламентарни избори на есен, СДС нема друга опција.

СДС ја донесе Македонија во ќорсокак, сите нивни политики се темелеа на уставни измени, кои ги најавуваат една година, и никако да се охрабрат да ги стават во Собрание. Бегаат затоа што знаат дека не само што немаат 80 пратеника, туку и пратеници од нивните редови нема да ги поддржат.

Власта го развлекува процесот за да може да купува време, за и во сопствените редови да не и се јави повторно бунт за избори.

Не само што не отворија европска перспектива, туку со своите политики на подаништво ја блокираа Македонија.

СДС нема апсолутно никаков легитимитет.

Единствен излез од кризата во која ја втурнаа државата се брзи предвремени парламентарни избори на есен.