03.03.2024

Боро Марлборо од СДС главен на група која тргувала дрога, соработниците на Ковачевски најголеми криминалци

Боро Марлборо од СДС главен на група која тргувала дрога.

Вчера во акција на МВР е приведен Боро Стојчев – Марлборо, поранешен градоначалник од редовите на СДС во Ново Село, кој веќе беше во затвор за шверц на цигари, тој беше осуден на 18 месеци затвор, а излезе за половина година поради намалување на казната.

СДС кои преку системот кој го контролираат го амнестираа Боро Марлборо за шверцот со цигари, сега е главен трговец со дрога. Имено според информациите кои излегоа во медиумите Боро Марлборо е под сомнение дека е главен на групата која тргувала со дрога.

Се поставува прашањето дали на Боро Марлборо му беше намалена казната за шверц на цигари за да излезе на слобода и да може да тргува со дрога? Дали Боро Марлборо работел под директива или заштита на некој од власта?

СДС е партија каде криминалот е силна страна на нејзините врвни функционери. Соработниците на Ковачевски се најголеми криминалци. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.