26.10.2023

Битиќи и СДС епски бегаат од соочување со народот, но ќе одговараат за криминалите економската катастрофа месец порано или подоцна

Битиќи и СДС се смртно исплашени од изборно соочување со народот, па гледаат на секој можен начин да ги одложат парламентарните избори за некоја недела повеќе.знаат дека кога не можеа за 7 години да направат нешто за народот, нема ни за месец плус, ама затоа во тој месец планираат да ушуќурат уште нешто и да прикријат некој криминал.
Нивното епско бегање од избори е заради тоа што се свесни дека губат, било да се изборите предвремени, било да се споени со претседателски, било да се одвоени, како што цело тие инсистираат. Целта е јасна да го одложат падот кој ин е неминовен, притоа свесно туркајќи ја државата во двојни трошоци и во ризик од уставна криза. Знаејќи ја неодговорноста на СДС не би не зачудило тие да играат на таа карта, со цел во матното да спасат колку што може да спасат, на грбот на Македонија и на сметка на народот.
Битиќи, Ковачевски и СДС треба да ја прифатат реалноста дека поразот не им бега исто како што не им бега одговорноста за криминалите, економската катастрофа, уништеното здравство, образование, земјоделие итн.