Крешник Бектеши повторно не одговори зошто и како со години жителите на Арачиново не плаќале сметки за електрична енергија и направиле милионска штета, која ја платиле сите други граѓани кои редовно плаќаат сметки за електрична енергија.
Исто така не кажа кога веќе беше во општина Арачиново зошто после 5 години се уште нема ни едно метро нова канализација која им ја ветуваа на жителите.
Бектеши како министер за економија нема да избега од одговорноста за криминалот кои се прави со тендери со години во РЕК Битола, но не само за криминалот, туку и за уништувањето на енергетските капацитети заради неапособноста на ДУИ и СДСМ.
Пред целата македонска јавност Крешник Бектеши лажеше за цената на електричната енергија за компаниите големи потрошувачи. Големите компании во Македонија плаќаат над 400% повисока цена на електрична енергија, многу повисока од сите земји во нашето опкружување. Затоа што овие криминалци и неспособни министри навремено не превенираа за производство и набавка на електрична енергија.
Граѓаните, но и компаниите не им веруваат на шарените лаги на министрите од владата на Ковачевски, затоа што на свој грб ја чувствуваат неспособноста на криминалците од СДСМ и ДУИ со повисоки сметки на струја, со двоцифрена инфлација, со изгубени работни места.
За многу брзо ќе одговараат за својата неспособност и криминал.