Ацевски го изненади снегот во ноември, да не се крие, да си поднесе оставка.
Половина Македонија беше затрупана од првите снежни врнежи за оваа година, затоа што „Македонија пат“, како 6 години до сега со СДС на власт ни во доцна есен и зима не е спремна за чистење на патиштата од снежни врнежи.
Десетици граѓани вчера беа заглавени по патиштата, а Стража и Маврово беа целосно непроодни.
А, само пред неколку дена Ацевски на социјалните мрежи ја опиша состојбата со снежните врнежи како забава која може да започне. Додека тој се забавува, народот седи заглавен во своите возила на патиштата низ државата, затоа мора да има одговорност. Оставка веднаш.