17.01.2024

Арсовска само преку превара може да стане лидер на партија, СДС и купи партија, а присуството на Зечевиќ и градската администрација кажува многу што е позадината и колку тежи партијата

Почитувани,

Од сите вести за формирање на партијата на Данела Арсовска главна вест секаде е присуството на Миле Зечевиќ, кој е и идеен творец на таа партија. Оттука може да се сфати колку всушност тежи таа партија кога главна вест за нејзиното формирање е присуство на секретарот на СДС.
Воедно е јасно дека Арсовска само преку превара може да стане лидер на партија.
Во салата освен Зечевиќ, можеше да се забележи градската администрација на Скопје, директорите на јавните претпријатија чиј шеф е Арсовска, градоначапникот во сенка и пријател на Арсовска, Драги Книга, како и редовните самопрогласени медиумски чувари на столчето на Љупчо Палевски и маши на Зечевиќ, со партии зад себе повеќе од прстите на двете дланки. 
Тајната коалиција СДС-Арсовска стана јавна.
Проектот на СДС и Зечевиќ ке доживее дебакл, зошто јасна е намерата.
Добро би било наместо висока политика за почеток почне да го решава хаосот во Скопје. Колку за промена, но за жал и за тоа не ја бива.