Арсовска разочара затоа што не испорачува резултати, ВМРО-ДПМНЕ докажа дека се бори за принципи, не за гола власт.
Лошото управување со градот Скопје и нереализирање на ветеното се работи преку кои ВМРО-ДПМНЕ нема да помине. Без разлика за кого се работи.
Арсовска покажа суета и ставање на својот личен интерес пред тој на градот.
Со нејзиниот аматерски однос, кој не знаеме од какви побуди е поттикнат таа загрозува мултимилионски проект, каков што е прочистителната станица на реката Вардар.
Арсовска имаше лош однос и кон ЈП Дрисла и кон ЈП Градски паркинзи, чии директори со сопствени капацитети ја унапредија работата на тие претпријатија.
Арсовска наместо да прави сплетки, да се посвети на Скопје.
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи се што е во интерес на градот, но ништо кое што е надвор од тоа.