20.10.2022

Арсовска да си поднесе оставка бидејќи е неспособна и ги измами гласачите

Арсовска да си поднесе оставка бидејќи е неспособна и ги измами гласачите.

Арсовска да си поднесе оставка затоа што ги измами гласачите и свесно го уништува Скопје. Арсовска да си поднесе оставка затоа што покажува неспособност.

Арсовска да си поднесе оставка, зошто во криза парите на скопјани ги троши на анкети. Додека Градот должи 1 милион евра на ЈП „Улици и патишта“, Арсовска фрла десетици илјади евра на себе промоција платена со парите на скопјани.

Арсовска да си поднесе оставка бидејќи молчи за долгот на Клинички центар кон ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, во висина од 2 милиони евра, само поради коалицијата која ја има со СДС.

Еден месец по разидинувањето на ВМРО-ДПМНЕ со Арсовска Градот е пред банкрот, гледаме матни зделки на Арсовска и директорите поставени од нејзе, а предлог на СДС.

Арсовска да си поднесе оставка зошто нема кредибилитет. Таа ја напушти програмата и ветувањата со кои дојде на власт и е на пат да стане полош градоначалник и од Петре Шилегов.

Скопје не смее да тоне заради неспособноста и криминалот на Арсовска. Затоа да си поднесе оставка веднаш.