27.03.2023

Апокалипсата наречена Влада на СДС и ДУИ и економските утки кои сите ги чувствуваме

Наспроти секојдневните пресови на СДС, Ковачевски и по некој министер на ДУИ дека успешно се справиле со инфлацијата и енергетската криза, официјалните податоци и секојдневието ги демантираат целосно.

Прво. Единаесет месеци по ред Македонија има двоцифрена и висока инфлација како што немала од првите години на транзицијата.Владатакако оправдување зависоката инфлација во континуитет вели дека еувезена и условена од движењето на цените на храната и енергијата на светските берзи. Ако е така, зошто кога цените на храната во светски рамки се намалуваат 11 месеци по ред, кај нас сѐ уште месечно се зголемуваат? Или обратно. Зошто во Македонија цените на храната започна интензивно да растат од март/април 2022 година кога светските цени на храната одтогаш започнаа месечно да се намалуваат? Зошто кога цената на струјата на референтните берзи сегасе намалува, немаме намалување на цената за домаќинствaта и поефтина струја за малите фирми?

Второ. Полните складишна со гас и активирањето на некои традиционални производни капацитетиво Европа не го нарушија пазарот на електрична енергија во 2022 година, а во прилог беше и благата зима. Кај нас дома, најголема помош дојде од самите домаќинства и фирми кои ја намалија потрошувачката на струја за 8,3%, односно за 16,3% во однос на 2021 година. Но, и покрај ваквата поволна состојба во 2022 година производството од термоцентралите и хидро централите, како индикација за производството од ЕСМ, беше под просекот од 2012-2017 година. Е затоа пак имаше зголемување од 22,8% во однос на 2021 година т.е од историски најниската и најлоша споредбена основа. И зошто во 2022 година во ек на енергетска криза извезоа 164 GWh струја?! Зошто не ја дадоа на домашни фирми во подолг период по пониски цени? Да сумираме. Вкупните потреби за електрична енергија во Македонија во 2022 година (или нето-увозот) се намалија за 1.605 GWh во однос на 2021 година при:пад на финалната потрошувачка на домаќинствата (за 279 GWh) и на останатите сектори (за 523 GWh), пад на дистрибутивните загуби (за 69 GWh) и пад на потрошувачката во енергетскиот сектор (за 1 GWh), а при раст на домашното нето- производство само за 193 GWh (3,7%).Сега кој помогна? Владата преку зголеменото производство на електрична енергија или штедењето на домаќинствата ифирмите? Само помислете, што ќе се случеше во 2022 година ако домаќинствата не штедеа струја. Ќе недостасуваше домашно производство зошто не успеаа да произведат над историскиот просек, а тоа ќе условеше висок увоз на струја и одлив на уште девизи и пари од буџетот.

А, од буџетот потрошија вкупно 316 милиони евра само за ЕСМ, 230 милиони евра во 2022 година и 86 милиони евра во 2021 година. За високата сума на потрошени јавни пари во 2022 година не дадоа отчет, а 97 милиони евра се пријавени како капитални инвестиции. Останува да видиме кои се тие капитални инвестиции, зошто кога тогаш, треба да ги осетиме придобивките од истите. И покрај сѐ, цената на струјата за домаќинствата во 2022 година се зголеми на два пати, за 9,4% во јануари и за 9,9% во јули. Дополнителен раст имаше на почетокот на 2023 година за 3,7%. Со тоа, од август 2020 година наваму (после изборите ја зголемија за 7,4%), цената на струјата за домаќинствата е зголемена кумулативноза 30,4%. 

Трето. Јавниот долг ќе експлодира. Истиот на крај на 2022 година достигна 7,7 милијарди евра од 4,7 милијарди евра кога дојдоа на власт. За само 6 години истиот е зголемен за фантастични 3 милијарди евра, што е значително повеќе од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ кога за период од 10 години беше зголемен за 2,9 милијарди евра. На почетокот на 2023 година, ја посрамотија Македонија во светски рамки со повлекување на веќе издадена еврообврзница, што не чинеше плус 18 милиони евра народни пари. Пари доволни за помош на фирмите за да нема шок во цените или пари доволни за помош на ранливи групи на домаќинства да ги помират основните трошоци за храна.

За Владата, инфлацијата беше увезена, енергетската криза беше увезена, а крив беше и сѐуште е приватниот сектор којшто сакада ќари во ек на криза.За Владата не постоеја домашни фактори, како на пример нивната неспремност, ненавременост, непостојаноство преземање на меркиштокреираше нестабилна бизнис околинаи ненавремена помош за фирмите и граѓаните. Заборавија на стоковите резерви и не ги пуштија на фирмите – прво зошто беа празни, а потоа се наполнија скапо над пазарните цени и се испразнија, ама каде?Не постоеја домашни фактори како нивните зголемени акцизи на нафтените деривати и тоа од април 2021 година и нивниот отпор да се намалат во ек на висок раст на цената на нафтата што придонесе кон значајно прелевање врз домашни цени на нафтените деривати. Домашни фактори како растот на минималната плата кој не е паралелно со продуктивноста на трудот, што ја одржува инфлацијата во живот од причина што зголемениот трошок фирмите го пренесуваат на малопродажните цени. Домашни фактори како историски ниското домашно производство на струја во 2021 година и на почетокот од 2022 година кое услови висок увоз и потроши огромни буџетски пари кои можеа да се искористат за фискални мерки против инфлација (пр. намалени акцизи и ДДВ). И ни помалку ни повеќе,домашен промашен менаџмент кој дозволивисок извоз на струја во услови кога ја немаме и е скапа. Ама затоа за некого е приходна…

Листата на економски утки на Владата е голема и сите ние сѐ уште ја чуствуваме. Апокалипсата не ни доаѓа однадвор, туку одвнатре со Владата да СДС и ДУИ.