10.09.2022

Антимакедонската СДС да не ја изопачува вистината, Референдумот е против нивниот штетен договор, кој народот не го поддржува

Антимакедонската СДС да не ја изопачува вистината, Референдумот е против нивниот штетен договор, кој народот не го поддржува.

Над 60% од Македонците би излегле на Референдум. Обврска е тој да се случи со цел народот да може да го каже својот став.

Ако од антимакедонската СДС малку си веруваа себе тогаш ќе го поддржеа Референдумот, но тие бегаат затоа што знаат дека народот е изразито против нивните политики.

Ковачевски и Пендаровски да не се плашат и да прифатат Референдум заедно со предвремени претседателски и парламентарни избори.

Антимакедонската СДС бега затоа што знае дека народот не го поддржува ниту договорот со Бугарија  ниту нивните деструктивни политики и неспособност.