22.08.2022

Анкетите се токму такви, каква што е победата на ВМРО-ДПМНЕ над СДСМ во Тетово, 2:1 за ВМРО

Анкетите се токму такви, каква што е победата на ВМРО-ДПМНЕ над СДСМ во Тетово, 2:1 за ВМРО.

Трет ден СДСМ и Ковачевски не можат да се соземат од дебаклот кој го доживеаја во Тетово, а е предвесник што ќе им се случи на предвремените парламентарни избори.

Трет ден СДСМ пушта 3 различни тези како оправдување зошто ги изгубиле изборите и се обидува да го релативизира поразот.

Буквално во секое избирачко место во Тетово СДСМ изгуби. Така ќе биде и на парламентарните избори.

Ако СДСМ и Ковачевски водеа, тие одамна ќе распишеа предвремени парламентарни избори. Единствена причина зошто уште нема избори, е затоа што знаат дека катастрофално ќе изгубат.