16.01.2023

Али нареди, Ковачевски извршува напад врз медиуми, неспособноста ја заменуваат со автократија

Слугата на Али Ахмети, Димитар Ковачевски доби насока директно од Али Ахмети да води војна со медиумите кој што ја кажуваат вистината и состојбата во државата.

Автократот Димитар Ковачевски етикетира медиуми исто како и неговиот шеф Али Ахмети кои ги жигосува медиумите.

Ова е само уште еден доказ дека оваа влада на СДС и ДУИ е најнеспособната и најкриминалната влада.

Димитар Ковачевски и Али Ахмети својата неспособност тие ја супституираат во автократија. Ваквото однесување од страна на автократот Ковачевски и неговиот шеф е срамно и недолично.

ВМРО-ДПМНЕ го кажува тоа што го говорат граѓаните, а медиумите го работат и известуваат за тоа што е реалност во Македонија, сиромаштија, најголема инфлација, неспособност, криминал и корупција.

Ги повикуваме сите релевантни медиумски организации веднаш да реагираат за ваквото етикетирање на медиуми во државата.

Ги осудуваме константните напади врз медиумите од страна на носителите на власта и бараме веднаш да престане притисокот врз медиумите и медиумските работници и тие независно и транспарентно да ја вршат својата работа.