Ковачевски досега нема победено на избори. Во Центар Жупа победи ТДП, а не СДСМ. Во Тетово истата ТДП одеше посебно на избори од СДСМ.
Впрочем во Тетово СДСМ и Ковачевски загубија два спрема еден од ВМРО ДПМНЕ. Ковачевски може да победи само со замислен противник и онаму каде ќе истури од крадените пари.
Ковачевски ако толку верува дека СДСМ е силна партија тогаш зошто бега од избори.
Го повикуваме да распише избори и да видиме народот што ќе им порача за сите криминали и предавства.