06.01.2023

Ако е точно како што тврди СДС дека ВМРО-ДПМНЕ се плашело од Ковачевски тогаш нека си ги послуша пратениците и ајде на избори

Ако е точно како што тврди СДС дека ВМРО-ДПМНЕ се плашело од Ковачевски тогаш нека си ги послуша пратениците и ајде на избори.

СДС не демантира дека имаат пратеници кои им бараат предвремени избори. А не демантираат затоа што знаат дека тоа е вистина и дека се повеќе пратеници и партиски функционери не се согласуваат со Ковачевски и Зечевиќ.

Затоа и Ковачевски и Зечевиќ бегаат од избори, затоа што се свесни дека ќе изгубат катастрофално, а така ќе останат без тендерите и милионите кои ги крадат од народот.

Ако некој се плаши, тоа се токму тие двајца Ковачевски и Зечевиќ кои се плашат да се соочат со народот, и се плашат од одговорноста која следи после изборите.

Доколку СДС сметаат дека Ковачевски и Зечевиќ се страв и трепет нека излезат на избори, штом се толку убедени дека се силни нема потреба да бегаат.

Но тие бегаат, за да може кумот на Ковачевски и фирмите од неговото потесно семејство уште некој месец да се шират низ Македонија.

Реалноста е дека се исплашени, и гледаат како да ги заштитат криминалите, а тие се заложници на нивните газди од Зајас и Струмица.