04.07.2023

Ако е толку убеден Јакимовски во тоа што го збори следниот пат наместо во прашална форма нека оди во потврдна форма за да може да се докаже вистината пред судовите

Ја разбираме задачата на Стевчо Јакимовски која пред се е мотивирана од концесиите кон ДУИ и кон таткото и синот Ковачевски и сега има мисија да шири невистини, измислици и лаги кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. 

Тоа што го збори Стевчо Јакимовски е тоа што му наредил тандемот Ковачевски. Тоа е и причината зошто Јакимовски после 6 години власт на СДС и ДУИ и украдени милијарди збори за ВМРО-ДПМНЕ, а не за она што е изворот на проблемите во државата. 

Ако е толку убеден Јакимовски во тоа што го збори следниот пат наместо во прашална форма нека оди во потврдна форма за да може да се докаже вистината пред судовите. 

Навистина е срамен крајот на Јакимовски кој на тие години одлучи да се спушти толку ниско да биде измеќар на синот и таткото Ковачевски, што секако е жално за гледање.