29.12.2022

Агенцијата за филм додели оркестрирани и предизборни средства под политички диктат

Бардаците без дно на Aгенцијата за филм.

Агенција за филм надвор од законскиот рок ги објави резултатите за поддржани проекти по Конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2022 година, во втор рок, и додели средства во износ од 198.700.000 денари. Претходно, на истиот конкурс, во првиот рок, беа доделени 103.350.000 денари. Значи, вкупниот износ издвоен за филмски проекти во 2022 година изнесува 302.050.000 денари и дел од оваа сума ќе се пренесе во наредната година како обврска на Агенцијата.

Анализирајќи ја состојбата во последниве три-четири години, се наметнуваат повеќе прашања: зошто не постојат информации за висината на обврските на Агенцијата кои се префрлаат секоја година? Колку од овие се средства се наменети за веќе одобрени проекти (според Законот за филмска дејност овие проекти се финансираат најмногу до пет години)? Постои ли некаква контрола од страна на Владата и Министерството за култура врз работата на Агенцијата за филм? И покрај изнесените факти во нашата реакција за Извештајот за работата на Агенцијата за 2021 година, дали Владата и Министерството презедоа некои чекори за санкционирање на ова незаконско работење? Дали Агенцијата (а сигурно и власта на СДС(М)-ДУИ) чувствува дека следните парламентарни избори се блиску, па со доделените средства си ги расчистува сметките со своите сегашни и идни пулени? Учествуваат ли челниците на ДФРМ во одлуките на Агенцијата за распределбата на финансиските средства?

Согледувајќи ги бројните недоследности во работата на Агенцијата за филм и чекајќи ги одговорите на поставените прашања можеме да констатираме дека оваа институција сè повеќе наликува на непресушна чешма која постојано ги полни бардаците на одредени персони. За жал, нивните бардаци се без дно!

https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02A4bLQtZW8nRxGkuHj2fj3J3wNBCRiESe5zPQPBQkqjNcbHtiiEpK3wHNRW6U4uedl&id=100069264607268&mibextid=Nif5oz