10.03.2023

Комисија за локална самоуправа на ВМРО ДПМНЕ:СДСМ и ДУИ ги саботираат општините, ВМРО-ДПМНЕ половина од средствата за капитални инвестиции ќе ги спушти на локално ниво

Криминалниот картел СДСМ-ДУИ продолжуваат со секојдневните саботажи на работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и општо локалната самоуправа.Навистина е жално што изминатава година, по промената на власта на локално ниво, каде претходно секоја година владата на СДСМ и ДУИ се расфрлаа со милиони евра годишно поддршка за општините, денеска имаме секојдневни блокади и нема никаква вистинска финансиска помош. Нивната неконструктивност и желба за тотална и неконтролирана власт оди до таму што и на веќе започнати проекти и процеси од страна на претходните градоначалници кои беа од нивни редови, сега истите се блокираат или се заборавени во нечии фиоки. Како дел од нив можеме да ги наведеме последниот обид на СДСМ преку нивните советници во Град Скопје за одземање на ингеренциите на Универзалната сала и препуштање на истиот на централната власт, како и целосното запирање на бројни иницијативи за зголемување на ингеренциите на локалната власт, како што беше таа за формирање на т.н. „Комунална полиција“. Почитувани, Не можеме да имаме развиена држава без финансиски стабилни и силни општини, како и континуирана соработка и поддршка од страна на централната власт, без разлика на политичките раководства. За таа цел, ВМРО-ДПМНЕ по доаѓањето на власт, планира половина од средствата планирани за капитални инвестиции, кои што би биле не помалку од 15 милијарди денари годишно, да ги спушти на локално ниво, на ниво на општините за општински проекти. Истите ќе бидат поделени во три области, и тоа:- Изградба на канализациони системи кои ќе завршуваат со изградба на пречистителни станици; – Водоснабдителни системи нормално за техничка вода и вода за пиење; и – Асфалтирање и пробивање на патна инфраструктура. Поддршката од централниот буџет би бил за сума до 30 милиони денари, што автоматски би значела поддршка за најмалку 500 проекти годишно на целата територија на Република Македонија.Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува оваа иницијатива и упатуваме апел до сите општини наредниов период да изработат проекти со кои би аплицирале за средства и заедно би работеле на подобрување на животот на сите граѓани.

https://www.facebook.com/komisiinavmrodpmne/posts/pfbid02G942kroFRfBWUCEyeahAd5rcDMtu8gdkFqWPtEo5cMudJTjLnz5agVDc1PjaiTwml