12.04.2023

ВМРО-ДПМНЕ ја осудува постапката на неформалниот коалициски партнер на СДС и ДУИ, Левица која се поклони на Енвер Хоџа, комунистички диктатор

ВМРО-ДПМНЕ ја осудува постапката на неформалниот коалициски партнер на СДС и ДУИ, Левица која се поклони на Енвер Хоџа, комунистички диктатор.

Станува збор за величење на човек познат по тортурата и изразена недемократија и кршење на човекови права.

Привезокот на власта, фолирантот Апасиев не може во исто време да се поклонува на Енвер Хоџа, и да го бара родното место на Гоце Делчев. Шизофрената позиција водена од дневните потреби на власта за ПР, Апасиев го одведе до таму да го слави комунистичкиот диктатор. Можеби ДУИ и СДС како наследници на комунистите се чувствуваат задоволни што поранешниот советник на СЈО Апасиев е вреден обожувач на нивната идеологија, но ова нема врска со демократски вредности и само ја опишува специфичната состојба во која се наоѓа власта. Ги повикуваме ДУИ и СДС да го осудат ваквиот чин на нивниот коалициски партнер и спаринг играч Левица.

Со ова Апасиев и Левица докажаа дека нивната политика и идеологија е тортура врз сопствениот народ и поддржуваат насилни методи на цензура и насилно владеење, како што всушност владеел и самиот Енвер Хоџа.