Почитувани,
СДС, Стевчo Јакимовски и советници од листата на Левица ги интересира само бетонизација на Карпош и повеќе не се грижат ниту за закони, ниту за постапки, ги интересираат само криминал и пари.
На вчерашната седница на Советот на Општина Карпош Јакимовски и СДС се обидоа, спротивно на сите законски норми и процедури, да протнат точка, Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање за 2024 година.
Оваа програма, воопшто не е донесена ниту пак е објавена во Службен гласник на Општина Карпош, за сега истата да се менува и дополнува. Оваа програма Јакимовски, СДС и Левица неколку пати се обидуваа да ја поминат насилно во Советот на Карпош, но во тоа не успеаја благодарејќи на активностите на нашата советничка група.
Зошто го прават ова вака со програмата по секоја цена? Бидејќи ако нема програма, нема простор за нивните криминални ДУП-ови и нема исполнети барања и нарачки од градежната мафија.
Ваквото работење е спротивно на законите во Македонија, против сите процедури и постапки, за што денеска поднесовме претставка до Инспекторатот за локална самоуправа, каде бараме веднаш да интервенира и да ги поништи овие одлуки.
Воедно, бараме јавното обвинителство и сите останати институции, веднаш да отворат предмети за кршење на законските процедури, како и за злоупотреба на службена положба и овластување и да постапат. ВМРО-ДПМНЕ е вистински партнер на жителите на Карпош и ќе ги искористиме сите средства кои ни се на располагање да го спречиме урбаното дивеење на Јакимовски, СДС и поранешната Левица во Карпош.