28.02.2023

УМС на ВМРО-ДПМНЕ со акција за подигнување на свеста за постоење за ретки болести и луѓето со нив, да ги исправиме неправдите

Почитувани,

На последниот ден од месец февруари, традиционално се одбележува Светскиот ден на лицата со ретки болести, ден на кој треба да се потсетиме на важноста на важноста на градење а инклузивни општества, прифаќање на различностите и еднаквост на секој еден граѓанин. Нешто што очајно им недостасува на лицата со ретки болести во Македонија.

Лицата со ретки болести се соочуваат со значителни предизвици во секојдневниот живот почнувајќи од недоволна и нецелосна социјална инклузија, па се до негрижа од страна на државата и власта.

Овие поединци кои се насекаде околу нас често се чувствуваат изолирани, погрешно разбрани, немоќни и без пристап до многу ресурси кои се неопходни за нормален и безгрижен живот.

Затоа ние како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска организираме акција се со цел подигнување на свеста за постоење на овие болести како и предизвиците со кои нашите сограѓани секојдневно се соочуваат.

Во време кога надлежните институции целат кон остварување на приоритети кои ги задоволуваат личните интереси, профит и придобивки за најблиските коалициски партнери, на нас младите ни преостанува да покажеме дека дури и кога владата не покажува никаква грижа ниту еден не е запоставен и заборавен бидејќи сите сме исти, бидејќи сите сме едно и под едно сонце испраќаме порака дека ние младите сме водечка сила на промените кои ќе ги исправат сите неправди и ќе работат несебично за еднаквост на сите граѓани.