Почитувани,
Секоја година, од 2020-та до денес владата преку УХМР плаќа над еден милион евра за набавка на услуги за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди и неповолни климатски настани. Секоја година и покрај дадените еден милион евра народни пари ни се случуваат природни непогоди и штети од град низ целата држава, а тоа во текот на вчерашниот ден беше случај со Скопје и скопско поле.
Почитувани,
Ова е договорот кој секоја година, три пати до сега го склучува УХМР со Аероклуб Скопје и секоја година, преку буџетот се исплаќаат над еден милион евра народни пари.
Овој договор доколку се почитува, ќе превенира секакви непогоди, и нема да дозволи енормни штети, како што беше случај во текот на вчерашниот ден.
Во договорот јасно е наведено дека УХМР е должна да ја одржува исправноста на радарските центри во Ѓуриште и Тополчани во период од 05.05.2022 година до 04.11.2022 година. И дополнително секој ден најкасно до 11 часот да достави Билтен за временската состојба и прогноза на времето за тековниот ден, и истите да ги достави по меил до одговорното лице на давателот на услугата за спроведување на одбрана од град.
Од друга страна, Аероклуб Скопје се обврзува најкасно до почетокот на противградобијната сезона да инсталира Автоматски агрегати и УПС уреди на Радарските центри во Ѓуриште и Тополчани за непрекината работа на радарите. И истовремено неговите авиони да бидат спремни за полетување максимум 1 час после известувањето од дежурниот на радарскиот центар за можна појава на нестабилност во текот на денот.
Почитувани,
Ковачевски и УХМР да одговорат, дали нивните радарски центри го детектирале невремето и го известиле носителот на набавката за засејување на облаците, со цел истиот да ја превенира големата катастрофа која што се случи во текот на вчерашниот ден?
Доколку не го известиле носителот на набавката со цел да изврши превенција, очекуваме веднаш оставка од директорот на УХМР и Ковачевски како премиер, а потоа и кривична одговорност за истите. Доколку пак е известен и не постапил, ЈО веднаш да пристапи кон негово приведување и отворање на постапка. Зошто вчера од целосната катастрофа Скопје го спаси само навремената реакција на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.