Почитувани,
СДС ги прави субвенциите привилегија за олигарсите и неколку големи фирми блиски до нив, без да води грижа за вистинските земјоделци.
Наместо да се фалат со новиот начин на субвенционирање, Владата на Димитар Ковачевски и Љупчо Николовски треба да излезат и пред земјоделците да ја кажат вистината. Еве за што станува збор:
Покрај укинувањето на субвенционирање на некои земјоделски култури и намалување на висината на субвенцијата кај одредени мерки, Владата на СДС предлага авансна исплата на субвенциите од 30 проценти во тековната година и дополнителни 70 проценти откако ќе се предаде родот во откупен или преработувачки пункт. Она што е спорно овде е што, обичниот земјоделец е условен да има минимална производна количина на земјоделски производ, која е нереална и далеку недостижна. А, со тоа и не можат да го исполнат вториот услов и да ги земат дополнителните 70% од износот на субвенцијата. Втор проблем е и фактот што ниту една година откако СДС е на власт нема сигурен пласман на земјоделските производи што е уште еден доказ дека земјоделците ќе останат без субвенции.
Па така, Владата на СДС наместо да ги зголемува, ги намалува средствата за субвенционирање и од овој модел кој помпезно го најавуваат најголем бенефит ќе имаат само неколку фирми кои што се блиски до нив.
Почитувани,
Ова ќе значи крај на земјоделското производство во Република Македонија.
Наместо парите да завршуваат кај земјоделците и да се поттикне производството на земјоделски производи, Владата на Ковачевски и Николовски им ги ускратува субвенциите.
Имено, тоа што владата им исплаќа на земјоделците субвенции на самиот празник Св. Трифун е чиста манипулација и газење на достоинството и маката на чесниот земјоделец. Владата наместо да се фали со обврска која ја има кон земјоделците, нека одговори зошто според новата програма за директни плаќања за 2023 година, која излезе само пред неколку дена во Службен весник од вкупно предвидени 100 милиони евра за целата програма, 50 милиони евра се за неисплатени субвенции за 2019-та, 2020-та, 2021 и 2022 година. Ова е двојно признание дека Владата не ги исплаќа субвенциите тековно и дека за 2023-та година има обезбедено само 50 милиони евра наместо ветените 100 милиони евра.
СДС, Ковачевски и Николовски се рак рана за македонското земјоделство и македонското производство.
Владата не им помага на земјоделците, напротив работи против нивниот интерес и потреба. Затоа е време за предвремени парламентарни избори и промени кои ќе обезбедат стабилност и иднина на македонските земјоделци.