24.09.2022

Трипуновски: Исчезнати се голем дел од документите од архивата на МЗШВ, дали хакерскиот напад е обид за прекривање на криминал и злоупотреби на Николовски и власта?

Почитувани,

Официјалната страница за МЗШВ веќе десетина дена не е во функција, а министерството се правдаат дека се под хакерски напад без притоа да ја информираат јавноста за каков сајбер напад станува збор.

Но, проблемот не завршува тука. Имено од извори во министерството дознаваме дека исчезнати се голем дел од документите од архивата која што се вод во министерството.

Според нашите информации со кои располагаме, а за кој МЗШВ крие, документите кој недостасуваат во електронска форма се податоци од фарм регистарот и сите активни регистри кој што ги води МЗШВ за откупувачи за вино,за земјоделските задруги, за органско производство,преглед на сите важечки договори за закуп на земјоделско земјиште, а нема ниту листа на должници.  Исто така изгубена е целосно евидентацијата за сите постапки кои што се поврзани со закон за управна постапка и дополнително не може да се постапува и да се завршат тековните започнати управни постапки.

Недостасуваат и важечките договори за концесии риби и дивеч.

Поради овој хакерскиот напад земјоделците не можат да извадат потврди и уверенија кои по разни основи ги бараат од министерството како релевантен документ за во министерството за труд и социјална политика.

Во секторот за финансиски прашања недостасуваат документи за преглед на исплати како и доцнење при исплата на доспеани обврски, додека пак во секторот за човечки ресурси на министерството недостасуваат персоналните досиеја на вработените и целокупната документација за сите вработени во МЗШВ.

Почитувани,

Молкот од страна на првиот човек на министерството Љупчо Николовски отвора сериозен сомнеж дали се работи за хакерски напад или пак во прашање е прекривање на криминални дејствија и злоупотреби од страна на Владата на антимакедонската СДС.

Николовски мора да одговори пред јавноста дали од документацијата недостасуваат и голем број на спорни договори и постапки, кои можело да го инкриминираат врвот на министерството, како и кој го одржувал софтверот на министерството и колку народни пари се исплатени за одржување?

Токму затоа бараме отворање на целосна истрага и посериозен пристап од страна на МВР и органите на прогонот.

Николовски да не се крие позади партиските соопштенија и да излезе и да ја информира јавноста што до сега е преземено за целосно расчистување на случајот, во спротивно тој е највиновен и најодговорен, и секој кој свесно се огрешил пред законот мора да одговара.

Промените како во земјоделството, така и во секој сектор ќе се случат.

На граѓаните и државата им требаат сериозни луѓе со сериозен и професионален пристап кои ќе ги решаваат нивните проблеми, а не луѓе како од антимакедонската СДС кои што само создаваат проблеми.