Почитувани,
Акцијата „Ова е Македонија за сите“ заврши со посетени 709 населени места, од страна на 19 тимови со 200 луѓе на терен. Собрани се 18.324 проблеми и составени се 6.428 извештаи.
Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имаше работен состанок во кој што оствари средба со 19-те тим лидери кои беа присутни 6 недели на терен, и кои ги посетија овие 709 населени места.
На состанокот беа разгледани мислењата и критиките кои ги даваат граѓаните.
Се разработуваат решенија за посочените проблеми, најголемиот дел од проблемите зависат од централната власт, и бараат сериозен пристап од владата за решавање на истите. Секако дека многу е важно и мислењето кое го имаат граѓаните за нашата работа и начинот на кој може да се подобриме за уште поголема грижа.
Во наредниот период претседателот, Мицкоски ќе посети дел од местата каде што е побарано неговото присуство и изворно ќе се запознае со работите кои ги мачат граѓаните.
Веруваме дека голем дел од работите кои се посочени како проблем зависат од централната власт, но и не веруваме дека власта има капацитет да ги реши. ВМРО-ДПМНЕ ќе разработи детален план и начин за решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните.