18.06.2023

Томовски: Народот сака промени, во акцијата „Ова е Македонија за сите“ нотирани над 18.000 проблеми, решенијата ќе бидат во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, имаме капацитет да ги промениме работите

Почитувани,

Во изминатите 6 недели се спроведе акциjата под мотото „Ова е Македонија, за сите“.

Над 200 луѓе од ВМРО-ДПМНЕ организирани во 19 тимови, посетија вкупно 709 населени места во државата и тоа од најразлични краеви, почнувајќи од големите населени места па се до најмалку населените.

Ова беше најопсежната теренска акција на ВМРО-ДПМНЕ во која се направени 6.428 извештаи, нотирани се 18.324 проблеми.

Во Македонија народот не сака уставни измени под бугарски диктат, не сака газење на националното достоинство, но народот највеќе сака да дојде крај на сиромаштијата, крај на корупцијата и криминалот.

Генералниот заклучок е дека најголемата грижа на граѓаните е тешкиот живот, инфлацијата, несигурноста и неизвесноста за иднината. Народот е револтиран зошто е заборавен од власта, затоа што владата не ги слуша проблемите на народот.

Зборувавме со илјадници граѓани, беа забележани многу проблеми, а решенијата за сето ова ќе бидат дел од новата програма на ВМРО-ДПМНЕ.

Покажавме и докажавме дека секогаш сме и ќе бидеме дел од народот и дека имаме капацитет да ги промениме работите.

Имавме во овој период и 12 големи трибини во 12 различни градови. ВМРО-ДПМНЕ покажа дека има капацитет да ја води Македонија и да обезбеди иднина.

Благодариме за одличниот прием од граѓаните, за подадената рака, за отворените домови.

Продолжуваме понатаму, заедно до промените.

Ова е Македонија, Македонија за сите.