14.01.2024

Стојаноски: Милиони се испумпани со фиктивни фактури, раководството на УЈП или знаело и прикривало или целосно го уништило системот

Почитувани,

Систем од компании подолг период црпеле пари по основ на поврат на ДДВ со фиктивни фактури и го оштетиле Буџетот за милиони.

Во мрежата од компании кои испумпале милиони често се менувале одговорни лица и сопственици. Во поголем број од случаите истите се лица кои што се од наши соседни земји и кои тешко се лоцираат.

Буџетот е оштетен, а државата тешко без кривично гонење ќе може да ги поврати исплатените милиони, бидејќи компаниите преку кои се штанцани фиктивните фактури и се испупмани пари немаат имот за од истиот да се наплати долгот.

Со жалење констатираме дека системот на  контролен механизам во   институциите е   нефункционален, а тоа   го потврдуваат случаите   минатата година   процесуирани од   обвинителство за   фиктивно фактурирање и злоупотреба на службена положба.

Криминалните мрежи   преку фиктивна   документација како и  фиктивни фактури и   фиктивна евиденција, го   исцрпуваат даночниот   потенцијал од Буџетот, а   сведоци сме дека   државните институции кои се задолжени да го контролираат истото изминатите години немаат преземено никакви мерки.

Симптоматично е и тоа што до сега не се преземени дејствија со кои ваквите случаи ќе бидат спречени и условите за вакви криминални дејства ќе се доведат на минимум, а не сега кога веќе  се испумпани милиони по основ на поврат на данок од Буџетот со контролите да се покаже слика дека институциите делуваат на сузбивање на криминалните мрежи.

Прашање  е  уште колку   милиони од платени   даноци  од граѓаните се   исцрпени од криминални структури и зошто не се создадени системи кои ова ќе го спречат?

За познавачите на даночната политика е сосема јасно дека ваков систем неможел да функционира со или без УЈП. Челници од Управата или знаеле и молчеле за целиот случај или целосно го девастирале системот и немаат увид. Никогаш не било полошо. Затоа е важно да ги поразиме.