02.12.2022

Стојаноски: Комисијата за финансирање и буџет го изгласа амандманот, а СДСМ без срам и перде се закануваат дека ќе бараат поништување на изгласаниот амандман со кој се бара зголемување на платите на вработените во администрацијата за 15%


Почитувани,

Денес на Комисијата за финансирање и буџет се изгласа позитивно амандманот со кој се бара зголемување на платите на вработените во администрацијата за 15%.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија го поднесе овој амандман на барање на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Во текот на Комисијата успеавме да ги надгласаме пратениците од СДСМ и ДУИ.

Помина гласањето во Комисијата за финансирање и буџет, останува да се потврди и со гласање на Законодавно правната комисија. Пратениците од СДСМ без срам и перде се закануваат дека ќе бараат поништување на изгласаниот амандман.

Ќе се бориме и на таа комисија и преку аргументи ќе пробаме да ги убедиме дека во услови на инфлација од 30% покачување од 15% не е луксуз, туку е неопходност.

Почитувани,

Десетици илјади вработени во администрацијата чекаат на овој амандман. Една недела беше затворена Управата за водење на матични книги и цела држава беше блокирана. Замислете ако цела администрација протестира колку ќе се блокира државата. Имаме тенденција на напуштање на администрацијата од квалитетни кадри, а тоа значи намалување на квалитетот на јавните услуги.