22.08.2022

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ 2:1 во Тетово, 3 дена не можат да се соземат, зашто таков пораз ги чека и на парламентарни

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ со 2:1 во Тетово. Три дена не можат да се соземат, зашто таков пораз ги чека и на парламентарни.

Изборите во Тетово само ги потврдија анкетите кои говорат за огромната предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ. Ковачевски доби јасна претстава што го чека на парламентарни и затоа три дена се обидуваат да го релативизираат поразот кој го претрпеа пред сопственото членство.

ВМРО-ДПМНЕ освои 4 советнички мандати, а СДСМ 2 во Тетово. И тоа јасно покажува каков ќе биде и соодносот на идниот парламентарен состав.

И не само што тие потонаа, туку потона и ДУИ. Промените се тука и веќе никој не може да ги запре. Сѐ што прави Ковачевски е болно за државата и секој негов ден повеќе останат на власт ги малтретира граѓаните, за тој да може да краде.

Ковачевски се плаши и за сопствената фотелја во партијата, па неговите пулени на позиции имаат единствена цел, да зборуваат на празно дека поразот не е пораз и дека сѐ е во ред. Но, Ковачевски знае дека ништо не е во ред. Зашто народот не го сака, затоа што ја уништија, потценија и осиромашија државата.

Ковачевски да собере храброст и да распише предвремени парламентарни избори веднаш.

Само Собрание и Влада кои ќе ја отсликуваат реалната волја на народот може да носат одлуки и решенија кои ќе бидат во насока на излез од кризите во кои нѐ потонаа.