Почитувани, продолжувам со мрежата на СДС за корупција, непотизам, протекционизам, кронизам, во Охрид, каде Миле Зечевиќ генералниот секретар на СДС, ја поставува Кристина Крлеска Деспотоска за главна во ОО. Роднинските врски и биле единствен критериум за ова место.
Зечевиќ можеби верува само во тесни роднински врски, па да почнам.
- Кристина Крлеска Деспотоска со таа роднинска моќ, по 4 години директор во ЈП Пазар, по смена на локалната власт, е преместена на функција Директор на централен регистар Охрид, но веќе е покрената истрага од надлежните институции, заради сомнеж за фалсификувани документи.
- Заради семејните врски со Зечевиќ, сопругот Климе Деспотоски станува близок оперативец на Зечевиќ. И од тоа има ќар. Климе и Кристина имаат печатница Коста Абраш. Додека Кристина сопругата е директор на ЈП на Општина Охрид, нивната фирма од 2017 до 2021 има договори со општински ЈП (Водовод, Комуналец, Нискоградба) во вредност од 8.453.000 денари.
- Мрежата на Зечевиќ преку роднините Климе и Кристина потоа се шири. Ремзи Курто со доаѓањето на Кристина на чело на СДС Охрид е унапреден во виш инспектор во охридската полиција, главен за резервниот состав и близок на Климе. Тој прима 19 резервисти пред два месеци, иако дел од нив не биле дел од составот, ниту пак се знае како е дојдено до нивно ангажирање.
Со својата блискост, и пријателствување со Кристина и Климе, сопругата на Ремзи, Сервет, лани е унапредена во Пазарен инспекторат. Одам понатаму. - Милчо Јованоски, партиски пишувач на соопштенијата и текстовите за Кристина и СДС Охрид. Како заслуга, СДС го наградува со две директорски места во исто време. Тој директор на библиотеката Прличев, жена му Гордана директорка на ЈП Билјанини извори.
- Блискиот пријател на Кристина и Климе и оперативец на Зечевиќ, Ванчо Костоски, соработник на СДС, советник во општина Охрид и претседател на ВМРО НП. Како Директор на ЈП Гробишта Охрид 2017-2021 има три кривични пријави. Како награда, лани, сопругата на Ванчо, Виолета Костоска е вработена во историскиот Архив.
Наградата за оперативната мрежа на СДС преку Зечевиќ и неговата роднина Кристина има цел кластер во МВР. И за таа работа и посветеност кон Зечевиќ цели семејства се вработувани.
Оперативци на Зечевиќ и блиски на Кристина во с. Свињиште, Охрид - Сашо Смилески , до пред година и пол началник на СВР Охрид, сега помошник директор во БЈБ; Оддел за гранични работи и миграции.
Неговата сопруга Наташа Смилеска , помошник раководител на сектор во општина Охрид
Негов оперативец е Оливер Неделкоски, вработен како Сектор за внатрешна контрола, претходно командир на сообраќајна полиција
-Билјана Неделкоска -сопруга на Оливер Неделкоски е началник на ОКП во СВР Охрид ,
- Прв братучед, роднина на Билјана Неделкоска, Трајче Ристески – помошник командир на полициска станица за Сообраќај.
И оттука се селам на кластер СДС МВР Вевчани
- Тука Сашо Јанкоски, екс градоначалник од СДС Вевчани, сега е началник на стопански криминал Охрид, тој е прв оперативец на Миле Зечевиќ во регионот и близок соработник на братучетка Кристина.
За благодарница сопругата му Кети Јанкоска е поставена за директор на средното училиште Нико Нестор во Струга.
Внукот Стојан Галичариски е вработен во Здравствен Дом Вевчани
А внуката Бонета Галичароска, по негови стапки, е вработена на последниот оглас во МВР.
Почитувани,
За сите овие да имаат послушност кон Миле Зечевиќ е задолжена неговата братучетка Кристина Крлеска Деспотоска.
Почитувани,
Ваквите мрежи на непотизам, кронизам и протекционизам, ја уништија Македонија, ги уништија Јавните претпријатија, а МВР го претворија во послушници и одработувачи на СДС наместо за граѓаните и државата.
Никогаш не било полошо
Време е за промени, време е наместо хаосот да завладее ред.