21.12.2023

Стоилковски: МВР со Спасовски подостоинствено се постави пред 215 светски криминалци, отколку кон своите граѓани

Почитувани,
Наместо ред Оливер Спасовски како на чело на МВР продуцира неред.
Повеќе од еден месец, МВР не е во состојба да издаде лични документи за македонските граѓани, а тие да се чувствуваат достоинствено.
Неспособноста на Оливер Спасовски ги остави луѓето надвор на минусни температури и на загаден воздух, да чекаат и да се туркаат пред  импровизиран пункт и пред пунктот за издавање на лични документи.
Ова е повеќе од срамно. Спасовски знаеше дека ќе има навалица, но повеќе го интересираше кампања за себепромоција.
МВР со Спасовски подостоинствено се постави пред 215 светски криминалци, им организираше издавање пасоши, отколку кон своите граѓани.
Цел месец сега МВР нема систем, нема ред, има импровизација за лични документи, и наместо е прашањето дали се внимава кој се можеби ќе добие македонски  пасош?
Доаѓа ден за одговорност, народот ќе им ја испорача сметката!