17.01.2023

Стоилковски: Која е улогата на Љупчо Кузмановски, кадар на СДС, советник за безбедност на директорот, во бегството од затворот Идризово?

Почитувани,

Молчи СДС, молчи и Миле Зечевиќ, за значењето на пораката „со шефот до крај“, на Срѓан Димитриевски, командирот на затворската смена, одговорен за бегството на Беким Мемети.

Молчи и ДУИ, за Идриз Асани, молчи и за Феми Јонузи, заменик директорот на затворот Идризово, двајцата од ДУИ од Студеничани.

Денеска одиме понатаму со испреплетени партизирани решенија во затворската администрација, одговорни за спектакуларното бегство.

Почитувани,

Зечевиќ и СДС мора да кажат каква е улогата на Љупчо Кузмановски во сценариото за бегството на Беким Мемети?

Дали Љупчо Кузмановски е советник за безбедност во КПУ Идризово, дали е советник на директорот Шпенд Тахири?

Дали како советник на директорот, е директно одговорен за безбедноста на затворот и за спроведување на затвореници, со тоа директно одговорен за бегството на Беким Мемети, осуден затвореник за убиство?

Дали Љупчо Кузмановски е дел од затворската администрација на барање на Зечевиќ, во исполнение на Марјан Спасовски, директорот на санкции?

Почитувани,

Ова е фотографија на која што се заедно Срѓан Димитриевски, викан Попот, а со него во инаку сина маичка е Љупчо Кузмановски, советник за безбедност на директорот на КПУ Идризово, Шпенд Тахири.

Почитувани,

Кузмановски и сега е познат на јавноста по срамното спречување на народот да присуствува на прославата на Крушево, минатата година да присуствува на Мечкин Камен како дел од параполицијата на СДС.

Почитувани,

Бегството на Беким Мемети, затвореник за убиство и дрога, е само уште еден доказ колку системот е девастиран со системската корупција и криминал. И се уште ги нема вистинските одговори, дали и колку е политичка одлуката за реализација на ова бегство, имајќи го предвид молкот од СДС и ДУИ за нивните членови – сега веќе осомничени за договорено учество во оваа исценирано бегство.

Заради партизација, криминал и корупција, за пусти пари, Македонија ја претворија во територија на мафијата и организираниот криминал.