05.09.2022

Стоилковски: Ковачевски со шовинизам го брани скандалозното вработување во МНР

Почитувани,

Димитар Ковачевски не само што не знае да ја води државата којашто ја потопија во криминал и сиромаштија, туку покажува и неразбирање на поими.

Ковачевски со изнесениот став и обвинување за шовинизам, покажува дека лично тој е шовинист.

Едноставно, почувствувал потреба да ја брани нововработената во МНР како маж, според родова или полова припадност, а не да ги брани нејзините квалитети, да ги истакне нејзините квалитети и потребата од нејзино вработување во најпосакуваното министерство во Македонија, министерството за надворешни работи.

Ковачевски во шовинистичката одбрана, повторно не објасни како и зошто е вработена во МНР, како била ангажирана од повеќе институции во исто време дотичната Бесмира Ејупи? Нели Ковачевски не ја познаваше личноста што требаше да ја именува како Генерален конзул во Њујорк? 

Уште еднаш, Бесмира Ејупи е јавна личност, новинар, ангажирана од повеќе државни институции и општини од каде што добивала над 12.000 евра за една година и за што е отворен случај во ДКСК.

Ако јавното соопштување за вработувањето на несудената конзулка во МНР е шовинизам, тогаш Ковачевски очекувам да го осуди и отворањето на случајот во ДКСК за нејзините истовремени ангажирања во повеќе институции. Притоа очекувам Ковачевски да ја осуди за шовинизам и првата жена на ДКСК.