10.01.2023

Стоилковски: Ковачевски е слуга на интересите на Али Ахмети

Почитувани,

Средбата во Тирана е само обид за спас на власта во заминување, средба за спас на кариерите и бизнисите на ДУИ и на неколкумината околу Димитар Ковачевски!

Димитар Ковачевски е слуга на интересите на Али Ахмети. Кариерата на Ковачевски се состои во исполнување на желбите и барањата на Али Ахмети. Затоа сега Ахмети му фрла гума за спасување на политичката кариера на Ковачевски, а за кусо време ќе го видиме и вториот слуга Димче Апасиев, како само на зборови и без дела ќе глуми патриот.

Оваа тиранска средба се случува токму на барање на СДС и на Димитар Ковачевски за да добијат помош за продолжување на мандатот на оваа Влада, а за возврат да се реализираат политики и агенди на штета на Македонија и на македонскиот народ.

Потврда за тоа е молкот од СДС, од Ковачевски и од Зечевиќ за оваа средба, односно премолченото одобрување, без да се постават јавно прашањата какви агенди и план разработен на оваа средба ќе добијат на маса?

А, резултатот од ваквата средба, резултат во таа агенда не може да биде ништо поразлично, ништо подобро, од познатото „како до сега“.

Одлуките за Македонија мора да се носат во Македонија и по промената на власта една од првите работи што ќе ги направиме е да прекине оваа пракса за Македонија да се одлучува надвор од Македонија.