Почитувани,Јавноста сеуште го чека текстот на Декларацијата за Илинден најавена од СДС?За потсетување, најавија Декларација во чест на 120 години Илинденско востание.Помина Илинден, ќе помине и Август, ни буква нема, а не пак собраниска седница за Декларација за Илинден од СДС!Почитувани, во меѓувреме, премиер на Бугарија зборува за бугарски карактер на Илинденското востание и на востаниците, како и дека крајната цел на Илинденското востание било присоединување со Бугарија како идеал оставен за иднината и за младината.СДС се сокри со текстот за Декларацијата за Илинден, ниту го објави, ниту го прати до ВМРО-ДПМНЕ барајќи консензус и унисоност за нејзино изгласување во Парламентот, ниту пак до утринава можеше да се најде во собраниските документи објавени на интернет.Оттука уште еднаш прашуваме:Се исплаши ли СДС или доби забрана да се изгласа Декларација за Илинден како македонски столб на државноста?Подвлекувам, беше најавена Декларација по повод 120 години Илинденско востание!
Прашање:Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во емисијата на ТВ 21 рече дека тој веќе разговарал со структури на ВМРО-ДПМНЕ во кои што предложил ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка за првата фаза на Уставните измени, односно за потреба од донесување на Уставните измени, потоа да се оди на предвремени избори, а кој ќе ги добие тие избори да има обврска да го продолжи донесувањето на Уставните измени како некоја гаранција дека ќе се продолжи европскиот пат. Дали го имате разгледано овој предлпог и какви се коментарите?
Одговор:Би кажал дека подобро е резервниот портпарол на ДУИ, Арбен Таравари да се занимава со локалните теми и со проблемите на Гостивар, очигледно со централните прашања не му оди.
Прашање:Како ја оценувате изјавата на американската амбасадорка Агелер дека е лажна вест можноста за репреговарање на преговарачката рамка?
Одговор:ВМРО-ДПМНЕ се бори и се залага за фер шанса и за заштита на македонскиот идентитет и посебност и тоа се легитимни барања, легитимна борба и ќе продолжиме да се бориме!