12.09.2022

Стоилковски: И сопругата на Мартин Костовски „неопходна“ во МНР?

Почитувани,

Продолжувам со серијата „неопходни вработувања“ на миленици и партиски функционери на антимакедонската СДС.

Нововработена во МНР од неодамна е и Ивана Костовска, сопруга на пратеникот на антимакедонската СДС Мартин Костовски. Костовска веројатно била неопходен кадар, па затоа МНР на Бујар Османи ја има преземено од друга институција! Преземањето, најверојатно, е од администрацијата на Општина Куманово, и тоа во јули годинава!

Значи, додека фокусот на јавноста беше кон претстојното предавство на македонската посебност, додека се случуваа огромни семакедонски протести, а во Собранието жестоко се дебатираше, Мартин Костовски веројатно се занимавал со вработување, префрлање на својата 23 годишна сопруга во МНР како „неопходен“ кадар! Прашање е дали и гласањето во Собранието на Мартин Костовски не се должи на пазар за вработување на неговата сопруга во МНР?

Неопходноста од кадарот како сопругата на Мартин Костовски, за МНР да спроведе преземање, се покажува со нејзината, како би сакал Бујар Османи да нагласи, „почетничка позиција“ во делот на соработката со НАТО!

Почитувани,

Македонија тоне во сиромаштија, тоне во кризи, тоне во предавства, тоне во економска неизвесност, а антимакедонската СДС ја држи власта само и само за партизација на администрацијата и ухлебување на своите миленици и функционери на плата од празниот буџет!

Почитувани,

Димитар Ковачевски и Бујар Османи мора да одговорат од која институција и за која позиција е преземена во МНР сопругата на пратеникот Мартин Костовски?

Димитар Ковачевски и Бујар Османи мора да одговорат колку вакви преземања се направени, заради каква неопходност каква што велат, со кои и какви квалификации се преземени лица на пример како Бесмира Ејупи и Ивана Костовска, и зошто ги сокриваа од јавноста?

И најважно, Димитар Ковачевски и Бујар Османи прецизно да одговорат, дали овие две новопримени, неопходни, како што велат, ама на најниски позиции примени, се планирани или ќе добијат нови позиции со огласот за 16 нововработени, 4 раководни позиции во МНР, оглас на којшто може да се пријават и луѓе веќе во МНР?

Почитувани.

Македонија е втурната да стравува за леб и дали ќе замрзне зимово, антимакедонската СДС се грижи на буџет да ги ухлеби милениците и функционерите. Ова е дно! Ова мора да има крај! И затоа СДС се плашат од народот, од референдум и од избори!