30.08.2022

Стоилковски: Зајкова да се повлече од морални причини, ЈО да го провери работењето на Урбанизам во Маврово и Ростуше

Почитувани,

Моника Зајкова, пратеник од владејачкото мнозинство има морална обврска да се повлече од пратеничката функција и да се извини за сите нејзини демагогии и антимакедонски зафати.

Институциите мораат да го разгледаат досието за легализација на дивоградбата на Зајкови во Трница, Маврово, но и да ја разгледаат работата и легализациите од секторот за Урбанизам, а во врска со злоупотребите на Законот за легализација од 2011-та година.

Почитувани,

Ова е текстот на писмото до претседателот на државата каде што второпотпишана е Моника Зајкова, писмо со коешто таа во суштина тврди дека доколку се донесе закон да се легализираат дивоградби изградени по 2011-та година, односно градењето на диво по 2011-та година, тогаш се стимулира криминал, се легализира криминал, а „сите одговорни граѓани, кои што ги минале сите предвидени постапки од ДУП-от за прибивање на одобрение за градба, се ставаат во подредена и дискриминирачка позиција“, односно дека се испраќа порака дека може да се узурпира како вели државно земјиште. Таа со овој потпис е децидно против тоа.

Почитувани,

Моника Зајкова настапувајќи со вакви ставови во јавноста, а знаејќи дека токму нејзината семејна вила е легализирана на криминален начин, дека градена по 2014-та година, значи речиси 5 години по законот кој што важи легализацијата, а е легализирана со лажна изјава на нотар, изградена врз државно земјиште, најмалку е бесрамно и демагогија.

Почитувани,

Ова е демагогија, ова е срамно и недостоинствено, ова е поразително за македонскиот Парламент. Ова ги доведува во прашање сите одлуки и гласања на Зајкова а антимакедонските политики во Собранието.

Истовремено, знаејќи ја фактичката состојба во Трница, институциите не смеат да спијат и со тоа да бидат соучесници во овој криминал туку мора да направат детална истрага во општината Маврово Ростуше во врска со легализирањето на дивите градби на Трница. Македонската црвена буржоазија не може да биде над народот, ниту да ужива во нејзина неказнивост. Додека народот го доведоа на просјачки стап, тие градат вили, а системот им ги легализира.

Ова мора да има крај.

https://www.youtube.com/watch?v=v0s4w950KR0